Тема 1. Исхрана
Оваа тема има различни содржини кои се однесуваат на основните знаења за подготовка на храната, процесите на конзервирање и пастеризирање, како се составуваат рецепти за подготовка на храна, кои се основните правила при различните начини на подготовка на храна (пржење, печење, варење), што треба да се сервира на маса и како да се направи тоа. Ќе стекнуваме вештини за подготовка на едноставни јадења според рецепт, ќе можеме да лупиме, сечиме, месиме, матиме, ќе ја сервираме и декорираме храната.