![]()
| ТКАЕЊЕ е стара техника на обработка на волнени конци. Самиот процес вклучува преклопување на два сета, наречени завиткувачи (нитки) и пополнувачи, конци под прави аголи. Завиткувачите се затегнати и правилно наредени на разбојот (направата која се користи за ткаење). Начинот на кој овие два конца се преклопуваат се нарекува бран. Производите добиени од оваа постапка можат да бидат едноставни материјали или пак декоративно - уметнички т.н. таписерии. НАРОДНО ТКАЕЊЕ Обезбедувањето на целокупното семејство со текстил за облека и покуќниски потреби било речиси исклучиво обврска на жената. Покрај останатите работни обврски, голем дел од своето време таа посветувала на сложениот и макотрпниот процес на изработка на потребниот текстилен инвентар. Технологијата на обработка на суровините, нивната преработка во конец и подготовката на ткаење, како со самото ткаење се претставени со фотографии. Алатките и помагалата со кои се изведува овој процес се групирани според редоследот на работата и тоа: трлици за триење коноп и лен, ножици за стрижење на овците, стивало за растресување на волната и конопот, бител за вадење семе од памукот, гребени за влечење волна и коноп, фурки за предење волна, коноп ,лен и памук,вретена, пршлени, мотовила, кончалки и чокани за плетење гајтани. Околу традиционалниот хоризонтален разбој се поставени повеќе алатки: елемија, сукало, чекрек, родан, возалка за навивање на основата и кошница со примероци од преѓа. Алатките се застапени во повеќе варијанти, носејќи ги карактеристиките на крајот од каде што потекнуваат. Се користеле во селската средина главно на почетокот и средината на 20. век. Бројните видови ткаеници се презентирани според нивната примена. Во витрините се изложени разни материјали за изработка на облека, торби и крпи за секојдневна и обредна употреба, ткаеници за деца, како пелени, повои, лулки и покривки. |
Сл.1 Сл.2
Сл.3 Сл.4
Сл.5 Сл.6
Сл.7 Сл.8 | ПЛЕТЕЊЕ е метод на правење на отвори/дупчиња наречени пекли од конец кои се протнуваат една една во друга, правејќи плетиво. Направените плеки се наредени на игли, кои се користат а плетење. За постигнување на различни ефекти на крајниот производ, различна текстура, тежина и интегритет на плетивото се користат различни типови на игли. Така, на пример, за рамно плетиво се користат прави игли со кои плетивото добива во должина, додека со кружни игли се формира плетиво во вид на туба. Процесот на плетење е составен од три основни задачи: активните пекли се редат на иглата, потоа се опуштаат за, во последната фаза, нови мали делчиња од конецот се пропуштаат низ нив, со што пеклата станува дел од плетивото. Основни инструкции за плетење
Вежба за изработка на плетена алка... |










