http://www.etiquettescholar.com/dining_etiquette/table_manners.html




Бонтон на маса
Префинетите манири на масата или софистицираната вечера што ќе ја служите на своите гости, верувајте, ќе ви донесе многу позитивни бодови кај многу од нив. 

Веднаш ќе седнете на маса ставете ја салветата, или од дамаст или од хартија, во скутот. Најпрво, во неа да паднат сите несакани трошки од лебот, како и за бришење на устата и на прстите пред да земете чаша во раката. Според бонтон, салветата треба да ја ставите на масата дури откако ќе завршите со јадењето. Тогаш ќе ја ставите од левата страна на чинијата и ќе станете од столот. Ако станете за време на вечерата, салветата ставете ја на столот, а не на масата.

Збунети сте на која страна е вашата чаша за вино и вода, кое парче леб е ваше?

За оваа загатка важи едноставното правило: течностите секогаш се поставени од десната, а крутите работи, како лебот, од левата страна. Добро е да знаете дека убавите манири налагаат лебот да не го гризете, туку да го кршите со рака, а истото важи и ако е сервирано печиво. Ако на масатата има путер, често не наведнувајте се преку масата со нож да го дофатите путерот, туку веднаш во својата чинија ставете малку и од таму мачкајте на лебот. Лебот секогаш се држи во рака, но сигурно знаете дека единствена отстапка од тоа правило е кога некој ќе ве замоли да му додадете леб. Тоа ќе го направите заедно со кошничката во која се наоѓа лебот.

Како да се служите со приборот за јадење?

Тоа, претпоставуваме, одамна сте го совладале. Единствено треба да ве предупредиме секогаш да се користите најпрво со оној прибор кој е ставен од надворешната страна, најдалеку од чинијата, а секое следно јадење ќе го јадете со приборот што е поблиску до чинијата.
Тоа е едноставно и корисно, златно правило без исклучоци.
Не е пристојно премногу да шарате со храната по чинијата, а сосема е недопустливо да го лижете приборот за јадење или да ја ставете целата лажица во уста кога јадете супа. Супата се срка ама тивко! Не е непристојно дискретно да се наведнувате над чинијата и над масата, за да не се посипете со супата или да не се испрскате. Откако ќе бидете готови, лажицата треба да ја оставите во чинијата.

http://www.kulinar.mk/statii/Bonton-na-masa.html

 

This free website was made using Yola.

No HTML skills required. Build your website in minutes.

Go to www.yola.com and sign up today!

Make a free website with Yola